ПОВРЕДЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“: Четири лица пренесени на Токсикологија по пожарот во КПД „Шутка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири лица од КПД „Шутка“ каде што денеска избувна пожар во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се пренесени на Клиниката за токсикологија каде се следи нивната состојба.

Докторка Шпреса Хасани од Итната медицинска помош во изјава за МИА вели дека четирите лица побарале лекарска помош и оти од страна на лекар од КДП „Шутка“ е повикана Итната медицинска помош по што лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во гаснењето на пожарот интервенираа пет возила и 11 пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This