ПОВРЕДЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА, ЕДЕН ПРИВЕДЕН:МВР со детали за инцидентот во Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за пукањето попладнево во Бутел на улицата „Бетовенова“.

Од МВР информираат дека денес во 14.50 часот дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна.

-Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „Пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал два пати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д., информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека на лице место е пронајден пиштол и две чаури.

-Со возило на Итна медицинска помош Џ. Д. е пренесен во Ургентен Центар, Ј. И. е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, Ј. И. и Е. Д. се пренесени во ГОБ 8-ми Септември, а А. Д. е приведен во ПС Чаир. Полициски службеници веднаш по пријавата излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This