ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ ГOPИВAТA: Цените oдат нагоре за еден и еден и пол денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука зазголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 01.06.2020 година.

Одвечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се зголемуваат за 1,00 денар/литар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена наЕкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг и ќе изнесува 24,613 ден/кг.

Од 09.06.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,00(денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,50(денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,00(денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 39,00(денари/литар)

Мазут М-1 НС 24,613(денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 09.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 11,30%, кај дизелотзголемувањето е во просек за околу 10,42%, кај екстра лесното масло зголемувањетое во просек за околу 10,62% и кај мазутот зголемување во просек за околу 12,93% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 1,933%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This