Повpeден возач откако излетал од патот во делчевско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четириесет и петгодишно лице од пехчевското село Панчарево е повредено откако со своето возило излетало од регионалниот пат Берово – Делчево, кај селото Стар Истевник. Случајот го потврдија од делчевската полиција.

На 15.06.2021 во 17:30 часот во полициската станица во Делчево е пријавена сообраќајна несреќа на возило „форд“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата со повреди се здобил возачот И.Д (45) од село Панчарево. Повредите настанале по излетувањето на возилото од коловозот на регионалниот патен правец Берово – Делчево кај делчевското село Стар Истевник, известија од полицијата во Делчево.

По несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи од Делчево, а повредениот со возило на Брза помош е транспортиран до Клиничка болница Штип на понатамошен третман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This