ПОГОЛЕМИ ПРИХОДИ, НЕВРАБОТЕНОСТ ПОД 10% И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА: Груевски за визијата на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен зголемување на вкупниот приход, планираме дека секоја година, просечно гледано во декадата ќе имаме раст на економијата од 4 и повеќе проценти БДП, дека ќе имаме нови 150.000 работни места и дека невработеноста ќе се намали под 10% и дека ќе имаме намалување на сиромаштијата за три четвртини во наредната декада. Тоа се едни од главните работи, образованието ни останува главен фокус, 6% од БДП одвојување на средства за образованието секоја година, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Дневникот на Сител.

-Ние сме сведоци на безмалку четири месеци владеење на СДСМ, некој ќе рече тоа е кратко време да се даде оценка, но јас ќе кажам дека ако по утрото денот се познава, денот е многу лош и овој ден нема долго да трае. Ова ќе мора да се прекине, по победата на овие локални избори логично е ВМРО-ДПМНЕ да бара и да добие предвремени парламентарни избори и да започне една нова ера во Македонија, да се стави прекин на ова помрачување што и се случи на државата, со доаѓањето на СДСМ на власт. рече Груевски.

Тој нагласи дека оттука произлегол и нивниот нов документ, нова ера, со кој што даваат една визија за наредната декада што е она што ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи и ќе го направи, нормално од денот кога ќе ја преземе централната власт. Груевски рече дека  овие локални избори во исто време се и локални избори кои што ќе предизвикаат и предвремени апрламентарни избори и луѓето треба да знаат што понатаму ќе следи.

-Тоа што ќе следи јасно го кажавме. Ние останува се разбира народна партија, конзервативна партија, го зајакнуваме фокусот во делот на граѓанска десница, но нашиот најголем фокус се разбира дека ќе биде на она што е најголем проблем на мнозинството на населението во Македонија, а тоа е економијата. Тука предвидуваме, во наредната декада, зголемување на приходите по жител од сегашните околу 5.000 долари, на над 12.000 долари, со што ќе влеземе во една повисока група според рангирањето на Светската банка, бевме 3.300 кога дојдовме на власт, и покрај оние кризи што постоеја дојдовме до 5.000. Без кризи, без такви проблеми, сигурни сме дека во една декада можеме да влеземе во повисоката група.  Освен зголемување на вкупниот приход, планираме дека секоја година, просечно гледано во декадата ќе имаме раст на економијата од 4 и повеќе проценти БДП, дека ќе имаме нови 150.000 работни места и дека невработеноста ќе се намали под 10% и дека ќе имаме намалување на сиромаштијата за три четвртини во наредната декада. Тоа се едни од главните работи, образованието ни останува главен фокус, 6% од БДП одвојување на средства за образованието секоја година, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Дневникот на Сител.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This