ПОД ДИРИГЕНТСКА ПАЛКА НА САД И ЕУ: Тајна средба на претставници од Косово и Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници на Белград и Приштина одржале средба во Берлин во средата со посредство на Германија, каде што српската страна била предводена од Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за КиМ, додека претставници на Приштина биле Авни Арифи и шефот на Кабинетот на премиерот Харадинај, Селим Селими.

Приштински „Зери“ објави дека ниту косовскиот преговарачки тим ниту Министерството за надворешни работи во Приштина не биле информирани за тој состанок.

Лиридон Лапаштица, политички советник на министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли, рече дека Министерството не било запознато со тој состанок, тврди Зери.

За тој состанок, шефот на приштинската делегација за разговори со Белград, Шпенд Ахмети, не бил информиран. Во изјава за порталот Лајми.нет тој вели дека немал никакви информации за овој состанок и дека не ја знаел неговата цел или тема.

Зери објави дека на состанокот, наводно, присуствувале претставници на ЕУ, Франција, Германија и САД.

Според Лајми.нет, целта на тој тaeн состанок било да се разговара за нацрт за формирање на Заедницата на српски општини во Косово со извршни овластувања. Извори на овој портал во Приштина тврдат дека Харадинај веќе го прифатил предлогот на Германија дека Приштина прифатила формирање на Унијата со извршните овластувања како главен компромис за постигнување конечен договор со Белград.

Сепак, Авни Арифи, кој е член на приштинската делегација, рече дека на тој состанок немале овластувања да зборуваат за политички прашања.

Арифи тврди дека на таа средба се зборувало само за дијалогот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This