ПОКАЧЕНИ ВОДОСТОИТЕ НА РЕКИТЕ: Топењето на снегот предизвика пораст на водостоите на реките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водостоите на реките во земјава се покачуваат и имаат тенденција на натамошно покачување, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму поради појавата на високи водостои препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

– Автоматските станици бележат покачувања на водостоите. Во Јегуновце утрово во 6:30 водостојот изнесува 190 сантиметри и има тенденција на покачување, соодветно на тоа очекуваме покачување и во Радуша. На реката Пена над Тетово водостојот измерен утрово во 6:30 изнесува 132 сантиметри, има тенденција на покачување. На станицата кај Бошков Мост (р.Радика) водостојот утрово измерен во 5:45 изнесува 130 сантиметри, а водостојот на Сатеска кај Ботун изнесува 116 сантиметри, со тенденција на покачување. На реката Голема кај Ресен водостојот изнесува 106 сантиметри (измерено во 6:15) со тенденција на покачување, соопшти УХМР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This