ПОЛАРНИОТ СТУД ПОПУШТА: УХМР најави промена на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер претежно од јужен правец. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува па во крајните западни делови на земјава се очекува кон крајот на денот да има повремени врнежи од снег на планините, а на пониските места од дожд и снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми.

20131220094435resized

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус шест, а дневната од еден до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, но кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до два степена.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Само на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This