Пола Скопје го бара изгубениот прстен, ветена златна награда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјанката Деспина Козаровска го изгубила својот прстен и се обрати до сите преку социјалните медиуми во потрага на истиот. Прстенот има само емотивна вредност за оваа девојка бидејќи е само бижутерија, а таа за него ветува замена со златен прстен. Се надеваме дека овој пост ќе стигне до лицето кое го пронашло овој прстен и тој кој ќе го најде прстенот ќе биде џентлмен и ќе го врати прстенот.

Деспина Козаровска се обрати со молба до сите свои пријатели која ја пренесуваме во целост со желба да помогнеме:
“Сакам да верувам во чуда и наоѓање игла во сено и користење на оваа мрежа пријатели за креирање добри дела. 🙏 Го изгубив прстенот на сликава, кој нема материјална вредност бидејќи е бижутерија, но за мене има огромна емотивна вредност. Мислам дека го изгубив пред 3 дена реон Кисела Вода кај Месара Пепи или паркингот кај лабораторија Биотек или не знам каде. Не сум спиена за да ми текне веќе. Ќе ми биде драго ако може да го споделите овој пост. Ветувам златен прстен за замена. Сериозна сум. 🎈🎶🤩

Или помогнете ми во кои групи да го споделам за да ја раширам потрагата поуспешно.”

Се надеваме дека ќе помогнеме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This