Политичка (Не) писменост: Младите хрвати не знаат кој им е премиер, а еве што мислат за ЛГБТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувањето за политичката писменост за учениците кои завршуваат средно училиште во Хрватска покажа дека младите не знаат многу за историја, малку само повеќе се информирани за актуелните теми, веруваат во оправданоста на Татковинската војна и не се толерантни кон ЛГБТ заедницата.

Помалку од 60% од учесниците во истражувањето знаат што е Устав, а само секој петти знае знае кој може да го смени. Околу 40 % од младите во Хрватска знае како се бираат министрите, а 57 % знае и кој е врховен командант на вооружените сили.

Но, помалку од половина е во состојба да препознае дефиниција на политичка опозиција, а уште помалку 42 % знаедека сегашниот претседател на Владата се вика Андреј Пленковиќ.

Примерокот на истражувањето е на 1122 испитаници.

Третина од испитаниците се изјасниле дека во јавноста премногу се зборува за Татковинската војна, а приближно истиот процент за тоа не се согласуваат. 40% сметат дека хрватските бранители треба да им се исполнат сите негови барања, додека Хрватите како најголеми жртви од војните од деведесетите смета секој втор испитаник.

Третина од младите сметаат дека хомосексуалноста е пореметување или болест, а хомосексуалците дека не треба да се појавуваат во јавноста поради опасност за лошо влијание на младите и да им се забрани работа со деца.
На прашањето дали треба да им дозволи усвојување на деца, доаѓа до поларизација на одговорот: еднаков процент (40) е против и за.

Извор: Kurir.rs/Jutarnji list

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This