ПОЛИЦАЈЦИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ: Во понеделник, полицајците на марш за враќање на достоинството кај полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во понеделник Независниот синдикат на полицијата (НСП) најави тричасовен синдикален марш низ центарот на Скопје за враќање на достоинството во полицијата.

 

Зборно место за маршот е паркингот пред Македонската радио телевизија во 9:30 часот од каде со возила полицајците ќе се поминат покај ТЦ „Мавровка“, преку мостот „Гоце Делчев“ до Владата. Тука е предвидено застанување од 15 минути, за, како што најавуваат, изразување револт, а потоа преку булеварот „Св. Климент Охридски“ ќе продолжат до улицата „Јордан Мијалков“. Таму ќе ги паркираат возила и пеш ќе одат до главната капија на МВР за да одржат прес конференција.

-Целта на организирањето на синдикалниот марш со возила е игнорантскиот однос на Министерството за внатрешни работи на чело со министерот во врска со неспроведувањето на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР на РМ во однос на репрезентативност на синдикат кој по сила ма закон има 20 отсто и повеќе членство на вработените, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Под мотото „Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“, Независниот синдикат ги повикува сите членови, сите вработени во МВР и сите симпатизери на НСП да дадат масовна поддршка во пораката која пред МВР ќе му биде испратена на министерот за внатрешни работи.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This