Полицијата направи „попара“: Казнети 661 возач за брзо возење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден (21.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 661 возач.

Од нив 105 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 315 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This