Полска: ЕУ ни впери пиштoл во глава, ако избиe вojнa, ќе се бpaниме со секакво opyжје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја предупреди ЕУ да не ѝ држи „пиштол в глава, на Полска, тврдејќи дека Варшава ќе се брани со сите средства доколку Брисел ја започне Трета светска војна со тоа што ќе ја казни земјата со тоа што ќе ѝ ги ускрати парите од фондовите за обновување по пандемијата со ковид.
Острата изјава на Моравјецки дојде откако Европската комисија ѝ се закани на Полска дека ќе ја остави без милијарди грантови и заеми како одмазда за одлуката на Уставниот суд на земјата, кој даде приоритет на националното законодавство пред европското законодавство.
„Што ќе се случи ако Европската комисија ја започне Третата светска војна? Ќе ги браниме нашите права со сето оружје со кое располагаме“, рече Моравјецки на прашањето на „Фајненшл тајмс“ дали Полска може да стави вето на важните европски регулативи, како што е законодавниот климатски пакет.
„Сметаме дека ова е веќе прашање на дискриминација и пристап заснован на диктат од Брисел. Но, ако се влоши, ќе треба да размислиме за нашата стратегија“, изјави Моравјецки.

Полскиот премиер ги опиша заканите за негирање на пакетот помош од 36 милијарди евра за обнова по пандемијата како кршење на владеењето на правото и рече дека Полска нема да се предаде.
Моравјецки вели дека ЕУ треба да се откаже од своите неодамнешни потези против Полска, како дневните казни додека земјата не ги спроведе одлуките на Европскиот суд за судските реформи, со цел да се постигне компромис
„Тоа би било најмудрото нешто што можат да го направат, бидејќи тогаш нема да разговараме со пиштолот вперен во главата“, рече Моравјецки.
Сепак, како што наведе, неговите неодамнешни разговори со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, биле задоволителни. Тој додаде дека нема да има „Пореџит“, односно излегување на Полска од ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This