Попладнево Гoцe е на „мacaта“: Средба на Комисијата за историја со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На оваа средба на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања која ќе се одржи денеска и утре онлајн поради пандемијата со коронавирусот тема треба да бидат револуционерот Гоце Делчев, евентуалното негово заедничко чествување и македонските учебници за периодот среден век и ран османлиски период. На ден пред средбата на Комисијата ко-претседавачите од двете страни, Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев си разменија не многу оптимистични пораки.

Професорот Ѓоргиев во изјава за Радио Слободна Европа изрази зачуденост од изјавата на неговиот колега, бугарскиот копретседавачот Ангел Димитров. Тој рече дека бугарската позиција е единствена и политички монолитна, за разлика од македонската повикувајќи се на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС во кое, според Димитров, има „нов поглед кон минатото“. Бугарскиот историчар кажаното од премиерот го доведува во релација со ставовите на македонските историчари. Ѓорѓиев пак, вели дека во пресрет на средбата очекува дека членовите на Комисијата ќе се однесуваат професионално и академски.

Претходно, комисијата ги помина бугарските учебници за тој период. Последната средба се одржа на 15 и 16 октомври во Скопје и тогаш немаше големи поместувања во работата односно беше постигнат мал напредок за македонските учебниците, но не и за досегашната покомплицирана тема – Гоце Делчев. Во меѓувреме, откако Бугарија и официјално забележа дека Договорот за добрососедство се крши и поради тоа што комисијата работела бавно министерот за надворешни работи Бујар Османи одговори дека таа не работи бавно земајќи предвид други такви комисии кои работеле со години.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This