Попов: СДСМ ги злoyпотpeбија младите на бpyтален начин, вeтуваа брда и долини, а само ги зголемија младинската невработеност и иселувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младите во земјава се во апатија и разочарани бидејќи беа брутално излажани, СДСМ ги искористи студентските протести, ги узурпираше младинските организации, а потоа видовме како некои станаа пратеници и станаа гласачка машинерија, изјави Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за „Имам идеја” на Радио Лидер.

– Ветуваа дека вратат 600 илјади иселени луѓе од Македонија, ветија директно вработување за студентите штом завршат високо образование, дека секој штом заврши ќе добие вработување било во државна институција или државна фирма, ама не видовме такви вработувања, како што не видовме ни авиони со млади со луѓе кои се враќаат дома. Но, продолжи иселувањето на младите, продолжи младинската невработеност, нагласи Попов.

Попов потенцира дека во политиките на СДСМ кои ги спроведува кон младите единствено може да се видат укинувања на добрите проекти, а од друга страна не ги реализираат ни тие проекти кои ги ветија како што се на пример 4 студентски градови, во Скопје, Битола, Штип и Тетово, од кои ден денешен ни шајка нема заковано.

– Снимив едно видео во студентскиот дом „Стив Наумов” во кој ги презентирав условите на македонските студенти и верувајте тоа личеше а хорор филм. Ветуваа студентска платежна картичка за низа попусти за превоз, читални, театри, кино, а ги укинаа проектите од УМС НА ВМРО-ДПМНЕ како што беше „Слободен четврток” во каде студентите бесплатно ги користеа сите можни културни установи, имаше бесплатен студентски и средношколски превоз, постоеше проект „Средношколска среда”, потоа бесплатен превоз со воз, истакна Попов.

Тој посочи дека постои разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тоа е во пристапот, бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ, а ниту од УМС нема да слушнете лажни ветувања за брда и долини како што прави СДСМ и тоа младите го препознаваат и затоа се повеќе пристапуваат кон УМС.

– УМС имаше акција за пристапување во која над 1000 нови млади членови ни се приклучија, бидејќи младите ги препознаваат патриотизмот и добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на млади сили е гласот на секој млад човек кој се чувствува обесправено, оставен на маргините, ние сме гласот и на младите кои не се задоволни од политиките на власта. Ние сме организација која преку своите кадри и идеи ќе понуди опција како да останат во Македонија, како да работат и напредуваат и да бидат горди на сопствената држава, нагласи Попов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This