ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ: Автобусите 5, 15, 15А и 35 ќе сообраќаат по изменета траса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ЈСП Скопје информираат дека поради градежни работи, терминалот во Ново Лисиче нема да биде во функција и времено ќе биде преместен на постојката кај ОУ „Лазо Ангеловски“. Возилата од автобуските линии 5, 15, 15А и 35 за почетна/крајна станица ќе ја користат посочената локација. Времениот режим ќе важи се до завршување на градежните работи кои се причина за поместување на терминалот.

ЈСП информира дека линијата 15А почна да сообраќа по изменета траса. Наместо преку Рекорд, автобуската линија сообраќа преку мостот „Гоце Делчев“.

Возилата на посочената линија ќе ги користат постојните автобуски постојки долж трасата, а ќе возат по истиот возен ред како и до сега. Изменетиот режим на 15А ќе важи три месеци, односно станува збор за пробен период.

Од ЈСП велат дека одлуката за ваквиот режим е донесена по барање на граѓаните.

Во насока од Ново Лисиче кон Карпош 4, автобусите како и до сега ќе се движат по улица „Февруарски поxод“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па, преку булевар „Крсте Петков Мисирков“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Илинден“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ во Карпош 4.

Во насока од Карпош 4 кон Ново Лисиче, возилата ќе се движат по булевар „Илинден“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Видое Смилевски Бато“, улица „Февруарски поxод“, до терминал во Ново Лисиче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This