Поради нeпoчитyвaњe нa пoлициcкиoт чac..: Филипинец пoчинaл oткaкo пo kaзнa нaпpaвил 300 чyчњeви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маж од Филипините почина откако беше принуден да направи 300 чучњеви поради непочитување на полицискиот час. Ова е последната жртва на, според многумина – бруталниот пристап на државата кон спроведување на ограничувачките мерки воведени поради Ковид-19.

Дарен Манаог Пенаредондо излегол од дома за да купи вода. Полицијата го запрела и му наредила да направи 100 чучњеви како казна. Потоа бил принуден да го повтори тоа и така, направил 300 чучњеви. Потоа паднал во несвест, па во кома и во саботата починал.

– Тој имаше сериозни напади во саботата, но успеавме да му помогнеме. Потоа повторно се онесвести, а подоцна падна и во кома, сведочи член од неговото семејство.

Од почетокот на пандемијата, на Филипините се регистрирани 819.000 заразени со Ковид-19 и вкупно 14.000 смртни случаи.

Министерството за внатрешни работи и градоначалникот на градот Генерал Триас наредија истрага за смртта на Пенаредондо.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This