Поршето леташе кон нас и влезе во нашата лента, детали за сообраќајката на Кузмиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајката во која со тешки повреди се здоби кошаркарот на Црвена ѕвезда, Огнен Кузмиќ, се случила откако „поршето“ во кое се превезувал преминало во спротивната лента и удрило во БМВ-то, тврди боксерот, Дражан Јањанин кој се превезувал во БМВ-то.

Според неговата изјава дадена за српскиот портал „Мондо“, тој бил сопатник во возилото БМВ со кое управувал неговиот пријател, кој го земал после меч. Сообраќајната несреќа се случла околу 5.00 часот утрината кога дошло до директен судир меѓу „поршето“ на Кузмиќ и БМВ-то.

Јањанин вели дека останал жив благодарејќи на брзата реакција на неговиот пријател.

Утрината околу пет часот од кривината пред наши очи се појавија светла. Автомобилот со голема брзина доаѓаше од спротивната страна и влезе во нашата лента. Мијатович брзо реагираше и го сврте нашиот автомобил на страна. Удривме во банкина. Меѓутоа „поршето“ кое возеше кон нас удри во нашиот лев крај, ја откина вратата и гумата на нашето возило – вели Јањанин.

БМВ-то потоа се превртело на покрив, додека „поршето“ во кое се наоѓал Кузмиќ се сопрело дури на 200 метри.

Го скршив прозорот и излегов надвор од возилот, па го извлеков и пријателот. Отидовме до другото возило, и тоа беше превртено на кров откако излеталот од патот. Од „поршето“ се слушаше гласна музика и се слушаше нечиј глас. Набргу дојдоа пожарникари и ги извлегоа од возилото – раскажува тој.

Како што известуваат српските медиуми Јањанин и неговиот пријател поминале со лесни повреди.

Имаме исекотини од стакло. Мене ми ја шиеја раката, но добро сум. Се обидуваме да дознаеме како е Кузмиќ и неговиот пријател, се молиме да бидат добро. Слушнавме дека се во тешка состојба – изјави боксерот, пренесува „РТС“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This