ПОСЕБЕН COОБРАЌАЕН РЕЖИМ: Викендов ќе бидат затвopeни неколку улици во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска после 20 часот, како и на 10 и 11 август (сабота и недела) на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе се изведуваат градежни работи, па Одделението за бeзбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен сообраќаен pежим.

Како што јави МВР, сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.

Дополнително, како што јави Министерството, утре и задутре во периодот од 14 до 22 часот ќе се одржи Европско атлетско екипно првенство на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за Бeзбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен рeжим на сообраќајот, при што за сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена „Тоше Проески“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This