Последен обид за формирање влада: Радев ќе го пpедаде мандатот на Бугарската социјалистичка партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последна, трета шанса за формирање на бугарска влада ќе добие Бугарската социјалистичка партија. Бугарскиот претседател Румен Радев ќе го предаде мандатот на третата политичка сила, Бугарската социјалистичка партија (БСП) на 5 мај, објави телевизијата bTV, повикувајќи се на прес-службата на шефот на државата.

Доколку и БСП не успее да формира влада, претседателот Радев ќе назначи официјална влада, а потоа ќе се одржат повторени парламентарни избори.

Партијата која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, ГЕРБ не успеа да формира парламентарно мнозинство, бидејќи противниците, претставени од БСП и новите опозициски партии „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“ категорично одбија да преговараат со владејачката партија. Потоа, мандатот беше предаден на втората политичка сила „Има таков народ“ која веднаш го врати. Лидерот на партијата Слави Трифонов објасни дека тој немал доволно поддршка за формирање влада.

Лидерот на БСП, Корнелија Нинова, на кого треба да и се даде мандат да формира влада, најави дека подоцна ќе зборува за своите понатамошни активности.

„Денес во 15:30 часот, свикуваме вонредна седница на Извршниот комитет, кој ќе одлучи за датумот и времето на свикување на Националниот совет, каде ќе разговараме за ситуацијата и ќе одлучиме што понатаму со третиот мандат“, Заклучи Нинова.

За потсетување, парламентарните избори се одржаа во Бугарија на 4 април, по што водечката политичка партија остана владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на Бојко Борисов. На второ место, сосема неочекувано, беше вонпарламентарната опозициска партија „Има таков народ“ на телевизискиот водител Слави Трифонов. БСП, кој во претходниот мандат беше на второто место според бројот на пратеници, сега е на третото место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This