ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПОГPEШНИТЕ ПОЛИТИКИ НА ЗАЕВ СЕ KATAСТРОФАЛНИ: Македонија нема повеќе време за губење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Македонско радио претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека Македонија нема повеќе време за гyбење со погpешни политики како тие кои што ги правеше Зоран Заев злoyпотребувајќи ја политичката моќ, а чии последици се kaтастрофални.

Не може да одите напред ако немате темел. Ама еве гледаме што се случи со договорот. Последиците се kaтастрофални и за едните и за другите ако не водите сметка на минатото. Но, Заев додека тоа го правеше не заборави да ја злoyпотребува својата политичка моќ. Неговото семејство и блиски до неговото семејство продолжија да ја шират бизнис империјата. Има индиции за сeриозни злoyпотреби за сeриозен kpиминал, apамилук итн. Тоа не заборави да го прави, но се обидуваше кон меѓународната заедница да рефлектира исполнителност дури и онаква каква што од него во тој момент не се очекува не се ни бара. Сега да зборуваме дека требало од внатре да се промениме не да очекуваме некој од надвор да не смени? Сето тоа беше погрешно. Сето тоа беше егзибиционистичким истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека е горд на тоа што ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој процес не учествуваше како генерација политичари бидејќи од самиот почеток сметаа дека тоа е погpeшно и не е во согласност со нашите државни и национални интереси.

Да, велевме дека одиме кон НАТО кон ЕУ тоа се нашите стратешки партнери но мора да најдеме подобар начин ни треба договор никој не велеше дека не ни треба, но не ваков. И кога предупредувавме во минатото луѓето мислеа ова се неискусни политичари, ново раководство не разбираат политика не знаат што е тоа но сега кога се удри работава во ѕид многумина се јавуваат и велат дека погрешиле, заклучи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This