ПОСЛЕДНАТА ЕВРОПСКА СЕПАРАТИСТИЧКА ГРУПА: Баскиската сепаратистичка група ЕТА и официјално се распушти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Баскиската сепаратистичка група ЕТА ќе расформира по шестдецениската кампања за независност во која загинаа стотици луѓе.

Ова е последното поглавје во згаснувањето на ЕТА, која беше формирана во Мадрид во 1959 година од страна на учениците лути на репресивната диктатура на генералот Франциско Франко.

Во писмото од 16 април, кое го објави шпанскиот интернет весник Ел Дијарио, организацијата објави дека целосно ги распуштила сите свои структури и ја прекинала својата политичка иницијатива.

Овие одлуки беа насочени кон “отстранување на ситуацијата во последните децении и градење на иднината од нова почетна точка”. Во писмото следеше извинување на ЕТА за загубените човечки животи во нивната борба.

Групата прогласи прекин на огнот во 2011 година и го предаде оружјето. Минатиот месец групата се извини за штетата што им беше нанесена на жртвите и нивните роднини за време на насилната кампања

Но, во писмото се вели дека желбата за независност на Баскија ќе продолжи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This