ПОТРАГАТА СЀ УШТЕ ТРАЕ: Шест дена ни трага ни глас од исчезнатата Марија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре и ловци ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловците ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловци да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ.

Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This