Потрeсни детали за трaгедијата во која загинаа осумте тинејџери во Посушје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агрегатот за струја што се користел за загревање на викендичката во која на новогодишната ноќ се задушија осум тинејџери во Посушје бил во оставата, чајната кујна на северната страна од вилата.

Во таа остава, едната врата била затворена, а другата подотворена, додека прозорецот се наоѓал директно преку просторијата каде што биле девојчињата и момчињата.

За време на истрагата било утврдено дека затоа што прозорецот бил полуотворен, најверојатно, на тој начин, издувните гасови – јаглерод моноксид, задушиле осум млади луѓе, пишува „Аваз“.

Веднаш по истрагата биле земени примероци од крв и урина од сите починати, кои беа испратени на анализа и кои заедно со наодите од обдукцијата ќе ја расветлат оваа невидена трагедија.

Осум млади девојки и момчиња ја дочекуваа Новата година заедно со уште шест пријатели, кои по забавата, во четири часот наутро, за среќа заминале во соседната куќа за викенди да спијат. Еден од момците од соседната викенд куќа ги пронашол мртви вчераутро во 10 часот.

Министерството за внатрешни работи на Кантонот Западна Херцеговина и Обвинителството за ЗХК соопштија дека засега сè укажува дека смртта настапила како резултат на испуштање отровни гасови од агрегаторот, кој се наоѓала во помошната просторија на викендичката каде што Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо, Шана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година ја славеле новогодишната ноќ..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This