Почина Крунослав Кичо Слабинац

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почина музичарот Крунослав Кичо Слабинац на 76-годишна возраст. Почина утрово во 6:50 часот во болничката соба во Загреб, каде лежеше три месеци.

Слабинац заврши во болница на почетокот на август поради коронарна болест што ги зафати неговите крвни садови. И покрај успешниот зафат, при што беа вградени три бајпаси, неговото закрепнување беше комплицирано поради пневмонија и инфекции.

Кичо Слабинац беше еден од најпопуларните пејачи во Хрватска и поранешна Југославија, а песните „Поклони ми један дан“, „Због једне дивне црне жене“, „Три слатке ријечи“, се некои од неговите најголеми хитови.
Во младоста се занимавал и со глума. Со евергринот „Плавуша“ од 1971 година, на натпреварот за Песна на Евровизија го освои 14-то место.
Во Македонија, во 1989 година на фестивалот Макфест во Штип ја испеа нумерата „Летај ми летај Гулабе“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This