Почина Мирослав Туѓман, синот на првиот претседател на Хрватckа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Загреб, почина Мирослав Туѓман, доктор по информатички науки, член на хрватскиот парламент, шеф на разузнавачките служби и најстариот син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, по тешки компликации предивизкани од Ковид-19. Туѓман беше хоспитализиран на почетокот на месецот поради компликации предизвикани од коронавирусот и беше приклучен на апарати за дишење.

Истакнатиот хрватски научник, политичар и долгогодишен пратеник почина во неделата вечерта на 75-годишна возраст.

Во политиката, тој никогаш не постигнал дури и слични достигнувања како неговиот татко (со кого имаше скоро неверојатна физичка сличност), но сепак учествуваше во бројни ситуации, по падот на комунизмот во Хрватска и Југославија. Роден е на Денот на младоста, 25 мај 1946 година, во Белград, каде во тоа време Фрањо Туѓман служеше во Генералштабот на Југословенската армија. Името го добило по Мирослав Крлежа, а живеел во Белград сè до 1961 година, кога семејството Туѓман се преселило во Загреб.

Дипломирал филозофија и социологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во 1970 година, а од 1972 година работел во Референтниот центар во Загреб, по 1977 година во Хрватскиот институт за култура и од 1988 година на Филозофскиот факултет во Загреб. Докторската дисертација ја бранел во 1985 година, четири години подоцна и стана основач и прв директор на Институтот за информатички студии (1989-90), а во 1998 година бил унапреден во редовен редовен професор.

Тој бил заменик-шеф на Кабинетот за национална безбедност и основач и директор на Хрватската разузнавачка служба (ХИС) двапати, од 1993 до 1998 година и од 1999 до 2000 година.
Тој ги водел Факултетот за национална безбедност на Дипломатската академија, Воената школа и Академијата за разузнавање.

претходниот член,Xopockoп 01.02.2021
Следната статијаЗонско паркирање се воведува и во Карпош

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This