ПОЧИНА СОУЛ ДИВАТА, АРЕТА ФРЕНКЛИН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По долгогодишна борба со ракот на панкреас, соул дивата Арета Френлин почина. Арета Френклин починала, опкружена од нејзиното семејство и пријателите во нејзиниот дом во Детроит, по долгата битка со болеста. Имаше 76 години.


Претставникот на пејачката, Гвендолин Куин, изјави дека причината за нејзината смрт е напреден фаза на ракот, објави АП.

Последен пат настапи изминатата година за фондацијата на Елтон Џон во борба против АИДС во Њујорк. Претходно, пееше и во Филаделфија. Во описот за нејзиниот настап, Фрајдман тогаш порача: „Беше тоа чудесна изведба со оглед на нејзината исцрпеност и дехидрација“.

Првата жена е таа која учествуваше во Rock and Roll куќата на славните во 1987. година. Во текот на својата долгогодишна кариера, Франклин освои 18 Греми награди, вклучувајќи и една за животно достигнување.

Меѓу бројните хитови на Арета Франклин се истакнуваат уште: You Make Me Feel Like, A Natural Woman, Day Dreaming, Jump To It, Freeway of Love, A Rose Is Still A Rose…

Во 2005. година од претседателот Џорџ Буш беше одликувана со медал на слободата, највисоката американска цивилна награда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This