Починa доајенот на нykлераната мeдицина и пaтофизиологија проф.д-р. Борислав Каранфилски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 92 годишна возраст почина еминентниот проф.д-р. Борислав Каранфилски доајен на македонската нуклерана медицина, патофизиологија и тиреологија.

Професорот Каранфилски се смета за еден од основачите на нуклеарната медицина во нашата земја. Посебен придонес има за основање на амбуланта за заболувања на тироидната жлезда што во континуитет ја развива и унапредува..

Борислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово, а потоа студирал на медицинскиот факултет во Скопје каде дипломирал во 1955 година. Во 1957 година ја завршил Школата за примена на радиоактивни изотопи во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидриќ“ во Винча, Белград.  За редовен професор бил избран во 1977 година. Се усовршувал во клиники во Шведска, Англија, СССР и САД.

Бил директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со нуклеарна медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ. Соосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на нуклеарна медицина на Југославија.

Автор е на повеќе од 180 трудови објавени во домашни и странски медицински списанија, а автор или коавтор е на осум учебници и пет монографии од областа на патофизиологија и нуклеарна медицина.

За своите активности добил повеќе награди и признанија, меѓу кои: Орден за заслуги за народ со сребрена sвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Репубиката со сребрен венец, награда „11 Октомври“за животно дело и други.

Погребот ќе биде извршен во среда на 23 декември, на градските гробишта во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This