- Advertisement -
Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 64 нови случаи на коронавирус, а 9 лица оздравеле од заразната болест.
Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 61-годишна возраст. Бројот на активни случаи изнесува 564, од кои 499 се наоѓаат на домашно, а 65 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 853 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1440.