Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 15. октомври.
Кампањата ќе трае 20 дена и завршува на 13 октомври во 24 часот.
На изборите ќе учествуваат 19 партии и коалиции и 64 независни кандидати.
Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четврта Коалицијата за Битола – ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10. налистата е ТМРО, 11. е Демократската партија на Турците, 12. ГРОМ, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13., Беса 14., ДПА е 15., Левица е 16., ПДП е 17., Сојуз на Роми е 18., а СДСМ е под реден број 19.
Вчера кандидатите за градоначалници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29. октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27. октомври во 24 часот.