ПОЧНА УPИBAЊЕТО ВО ОХРИД: Се ypива првата дивогpaдба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Охрид почна уривањето на првата дивоградба за која претходно било издадено решение за уривање. Таа се наоѓа на улицата „Марко Несторовски“ во месноста Горна Влашка Маала.

Инспекторатот пред извесно време поставил жолта лента, меѓутоа лентата била скината, а потоа било продолжено да се гради.

– Општина Охрид, денес ја започна најавената акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општината, во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Според предвиденото, во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, кои се изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година – велат од општината Охрид.

На почетокот, додаваат надлежните, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и кои не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид.

– Во рамки на акцијата, денес се спроведува отстранување на дивоизграден објект на улицата „Марко Нестороски“ број 144, во согласност со Решението за отстранување ИП-1 бр. 36-843 од 13.09.2019 година и Заклучокот за дозвола за извршување ИП-1 бр. 36-843 од 19.09.2019 година. Се работи за дивоизграден објект во сопственост на физичко лице, кој е во фаза на карабина. Димензиите на објектот, врз основа на направениот записник се 10,45 метри на 12,50 метри во вкупна бруто површина од 130, 6 м2. Предметниот објект е лоциран на КП 10426/1 КО Охрид 2 и се градеше без одобрение за градење – информира локалната власт во Охрид.

Општина Охрид се вели во информацијата, е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и уште еднаш ги повикува сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија за отстранување на градбите.

– Во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците за отстранување, ќе ги сносат лицата кои се задолжени во решенијата – велат належните.

Во Охрид има над 1.076 дивоградби, од кои само во заштитеното подрачје 409.

ФОО: Скопје1

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This