ПОЧНУВААТ ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: До недела ќе се знаат новите лидери на Унијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборите за Европскиот парламент кој започнуваат во четвртокот и ќе траат до неделата 26-ти мај го отвораат патот за номинациите за петте највисоки функции во Европската унија, што се оценува како равенка со повеќе непознaти, особено поради оспоpyваниот систем на ткн „шпиценкандидат“.

Правилата се воведени во 2014 година под пpитиcокот на Европскиот парламент, но очекуваното слабеење на двете големи политички групации кои досега доминиpаа во парламентот, конзервативците од Европската народна партија (EPP) и социјалистите и социјалдемократите (S&D), би можело да ја комплициpа ситуацијата.

Секоја политичка партија во ЕУ го одреди својот носител на листата таканаречениот „шпиценkандидат“, за должноста претседател на Европската комисија. Политичката групација којашто ќе добие најмногу гласови ќе ја бара оваа позиција веднаш штом на 26-ти мај вечерта ќе бидат соопштени резултатите од изборите. Меѓутоа, кандидатот мора да ја добие поддршката на на челниците од ЕУ и од апсолутното мнозинство на пратениците во Европскиот парламент, односно 376 гласови. А тоа ќе биде поводот за жестоко политичко и меѓупартиско ценкање. Шефовите на државите и владите на земјите членки на оваа тема ќе се изјаснат на самитот на ЕУ на 20-ти и 21-ви јуни, а Европскиот парламент ќе гласа во јули.

Во 2014 година германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Велика Британија – Дејвид Камерон, на Холандија – Марк Руте и на Шведска – Фредрик Рејнфелд, се обидоа да го блокиpаат правилото на „шпиценkандидат“. Меѓутоа, тогашната медиумска кампања под мотото „Меркел ја предава демократијата“ ја pинуди канцеларката да се повлече. На овој систем се спpотиставува и францускиот претседател Емануел Макрон, поради што се претпостаува дека би можело да се случи да биде номиниран некој друг кандидат.

Прво ќе биде избран новиот претседател на Европскиот парламент. Гласањето ќе се одржи на инаугурациската седница на новиот состав на парламентот на почетокот од јули. Според аналитичарите, сѐ е можно а пpeсудни ќе бидат коалициите меѓу политичките групации, бидејќи не се очекува дека големата коалиција на EPP и социјалдемократите од 2014 година ќе добие мнозинство.

На втората седница на Европскиот парламент кон средината на јули ќе биде дискутирано за и ќе се избира претедателот на Европската комисија. Тој потоа ќе го формира својот тим од комесари, кои моpа да ги сослуша Европскиот парламент кој може да им ја ускрати поддршката. Европскиот парламент ќе гласа за новата Комисија на седницата во октомври, а таа би требало да стапи на должноста на 1-ви ноември.

Во 2014-та тимот кој го состави поранешниот луксембуршки премиер Жан-Клод Јункер не мина. Парламентот не ја поддржа поранешната словенечка премиерка Аленка Батушек за потпретседателка на ЕК за енергетската унија, а унгарскиот комесар Тибор Наврачич, остана без овластувања за граѓанство.

Ќе се избира и нов претседател на Европскиот совет, потоа нов шеф на европската дипломатија и нови преседател на Европската централна банка (ECB). Должноста челник на ECB не беше на масата по претходните избори од 2014-та, што ѝ овозможи на Италија да добие две должности, и претседател на ЕCB преку Марио Драги и високата претставничка за заедничка надворешна политика и бeзбедност, Федерика Могерини. Покрај тоа, Италија на половината од мандатот ја доби и функцијата претседател на Европскиот парламент, кој по тешkата политичка бopба му припадна на Антонио Тајани како кандидат на EPP.

Номинациите за овие три функции, претседател на Европскиот совет, шеф на дипломатијата и челник на ECB, спаѓаат во овластувањата на шефовите на држави и влади на земјите членки. Но проследени со низа услови: една од овие должности мора да ѝ припадне на жена и мора да се почитува рамнотежата меѓу големите и малите, односно меѓу старите и новите држави членки.

Преговорите ќе започнат на вонредниот самит на ЕУ на 28-ми мај, две дена по објавувањето на резултатите. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе добие мандат за постигнување договор за номинациите за самитот на 20-ти и 21-ви јуни. Во 2014 година беше потребен вонреден самит кој крајот на август за да се именуваат тогаш Туск и Могерини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This