- Advertisement -

Домаќинствата се уште се во паника од поскапувањето на дизелот. Прават пресметки колку растот на цената ќе удри врз семејниот буџет. Ако едно семејство во просек троши 70 литри дизел месечно, сега ќе треба да плати дополнителни 245 денари.

Од прехранбените производи, пекарите веќе најавија дека во јануари ќе замесат нова цена на лебот.

Новите општински власти како борба против загадувањето објавија зголемување на цената на паркинг услугите.

Зголемувањето на акцизата за 3 денари најмногу ќе удри врз превозниците. Тие и покрај незадоволството, велат дека не можат да запрат со превозот кој неминовно ќе поскапи и ќе придонесе за раст на цените на многу крајни производи. Од Асоцијацијата на транспортери „Макамтранс“ веќе побараа од Владата рефундирање на акцизата за превозниците и земјоделските стопанства од сумата што ќе ја дадат за нафта.

– Рефундацијата на сумата која е платена на име на акциза во цената на нафтата ќе овозможи нивелирање на цените на превозот кои и тоа како влијаат неколкукратно на цените на производите кои се превезуваат и се носат до крајните корисници, од една страна, а од друга страна ќе овозможат превозниците да можат да бидат поконкурентни на транспортниот пазар низ Европа, да обезбедат средства за обнова на возниот парк, велат од „Макамтранс“.

Штета ќе трпат и јавните претпријатија. И за приватниот сектор ова ќе бидат огромен трошок, реагираат транспортерите.

И додека Владата ветуваше живот и плата од 30.000 денари, како и јакнеење на средната класа, повисоките цени на сите производи ќе им се удрат од глава на граѓаните.

ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ: Македонија со пад од 28 места на листата на „Форбс“ за водење бизнис!

Македонија е рангирана на 63 место во светот на листата на најдобри земји за водере на бизнис која ја објавува американското списание Форбс.

Тоа е пад од 28 позиции споредено со ланското рангирање каде што Македонија се наоѓаше на високата 35 позиција во светот. Оваа година на прво место од вкупно 153 земји, како најдобра за водење бизнис е Велика Британија.

Американскиот магазин мери 15 различни сегменти на развој на бизнисот, вклучувајќи ги и даноците, лична и економска слобода, бирократија, правата на сопственост, иновации, корупција, технологија, трговска и монетарна слобода и заштита на инвеститорите.

Втората најдобра земја за бизнис е Нов Зеланд, трета е Холандија, Шведска на четвртото место и петта е Канада.

Во регионот, најдобро рангирана е Словенија (32), Хрватска е рангирана 51-та, Црна Гора на 68, Србија на 69-то место, Албанија е 71 и Босна и Херцеговина на 97-то место.

Кочо Анѓушев со „Масерати“ и „Порше Кајен“ се грижи за сиромашните, колите му вредат 300.000 евра (ФОТО)

Со возен парк од околу 300.000 евра, новиот вицепремиер за економски прашања и министер во Владата на Зоран Заев, бизнисменот Кочо Анѓушев се грижи за сиромашните.

Според анкетниот лист, кој вицепремиерот го пополнил и ќе го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев тежи околу 28 милиони евра.

Најбогат функционер во Македонија е потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој и според Фобс е еден од петте најбогати Македонци. Во неговиот возен парк има „Масерати“, „Порше Кајен“ и „Мини Катримен“, во вредност од околу 300.000 евра.

Анѓушев љубител е на луксузни чанти, а поседува и импресивна колекција на часовници од марките ролекс, омега, картие вредни 2,5 милиони денари, односно 46 илјади евра. Анѓушев поседува и уметнички слики и скулптури во износ од над 100.000 евра, како и златен накит во износ од 6 милиони денари, односно исто 100.000 евра.

Како други превозни средства Анѓушев во анкетниот лист навел дека псоедува и чамец „Регал 1900“, вреден 30.000 евра.

Според анкетниот лист кој вицепремиерот го пополнил и ќе го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев тежи околу 28 милиони евра.  Тој навел дека е сопственик на една куќа и пет стана во Скопје, куќа на Халкидики како и стан во Белград. Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.

Вицепремиерот за економски прашања, на новинарите им го подели рачно пополнетиот анкетен лист кој, како што истакна го доставил до антикорипциската комисија, во кој освен наведениот имот напишал дека чува и пари на сметки во неколку банки. Но, листот сеуште не е објавен на веб страната на ДКСК.

Јахта како на Шекеринска вреди повеќе од 100.000 долари

Деновиве се појавија слики од луксузниот одмор на Радмила Шекеринска на Јонското Море. Видовме фотографии од луксузната вила и од луксузната јахта, крстена со името на ќерката на Шекеринска. Јавноста бара одговори колку чини ова и на кој начин еден политичар може да стекне ваков луксуз.

Направивме истражување за движењето на цените на јахти исти или многу слични како онаа на Шекеринска.

Оваа јахта е од ексклузивниот бренд „регал” која изработува луксузни јахти за богати клиенти по нарачка.

Доколку  на Интернет се побара веб-страницата на брендот „регал“, цената на идентична јахта како оваа на која Шекеринска го минува своето време во Грција, не е достапна, туку производителот бара да се јавите во нивната фирма за да се договорат деталите околу нивото на опрема и луксузот што го посакувате.

Во опција се, секако, кожени галантерии, махагони, секаква електрична опрема и сѐ што  може да посакаат богатите клиенти.

Ако побарате веќе користена јахта, ќе се запрепастите од цената на една ваква јахта.

На старо, јахта „регал 2700” од 2011 година ќе ве чини повеќе од 60.000 долари, а таква јахта од 2013 вреди повеќе од 100.000 долари.

Некој сериозно ќе мора да одговори на прашањето кој во Македонија има можност да има ваква луксузна јахта и на кој начин се заработени тие пари.

Ова луксузирање на Шекеринска вчера предизвика лавина реакции кај подржувачите на опозицијата.