ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ФОЛКСВАГЕН: Германската автокомпанија на обвинителна клупа за лажирањето на издувните гасови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред Високиот суд во Брауншвајг, в понеделник почнува процес против автомобилскиот концерн Фолксваген, во кој акционерите бараат отштета заради пад на вредноста на акциите.

Акционерите на Фолксваген укажуваат на тоа дека тие предолго чекале со изнесување на вистината за скандалот со манипулација со издувните гасови на дизел мотори, поради што акционерите изгубија милијарди.

Акционерите на компанијата бараат исплата на девет милијарди евра. Во случајот на оштетени акционери, се појавува и инвестицискиот фонд Дека.

По избувнувањето на скандалот во септември 2015 година, акциите на оваа група изгубија половина од нивната вредност. Процесот треба да покаже дали врвот на Фолксваген бил свесен за манипулацијата и пред крајот на септември 2015 година кога беше обелоденет скандалот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This