ПО ЕСМ, СДС ЌЕ ГО ПРОДАВА И ЕЛЕМ: По продажбата на хидро и термоцентралите, Македонија ќе добие и поскапа струја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата влегува во сериозна фаза на продажба на ЕЛЕМ, со што производството на струја ќе оди во раце на странска компанија, со што цената на електричната енергија ќе се зголеми. Двоецот Обрадовиќ- Зоран Башановиќ за кој се крена многу прашина во јавноста, Заев ги донел во Македонија за да го водат процесот на продажба на ЕЛЕМ.

Александар Обрадовиќ стана советник во владата, но со канцеларии сместени во ЕЛЕМ. Тој на сите состаноци во ЕЛЕМ говорел за продажбата на компанијата. Паралелно со ова, Владата подготвува и либерализација на струјата која ќе ја зголеми цената за најмалку 20 отсто.

Дополнително продажбата на ЕЛЕМ ќе се случи на почетокот на наредната година со што неминовно е поскапување на струјата за најмалку 15 осто, а поскапувањето може да дојде и до 30 осто. Не се исклучува можноста да дојде до 50 осто поскапување на струјата. Тоа значи дека ако сега граѓаните плаќаат месечна сметка за струја од 3.000 денари, со поскапувањето сметката ќе биде 5.000 денари.

Заев ваквиот вносен бизнис го води со мешетари од соседството.

За владиниот советник на Зоран Заев, Александар Обрадовиќ медиумите од регионот пишуваа дека како директор на српското електростопанство со милионски евра исплаќал советници, делел државни тендери на фирма во која претходно бил вработен и делел откази на вработени во пиар-службата кога бил спомнат во негативна конотација во српските медиум.

Тогашниот премиер Александар Вучиќ го смени, според пишувањето на српските медиуми, поради малверзации во јавното претпријатие и непочитување на владината одлука за штедење. Токму ЕЛЕМ станува новата златна кокошка на владата СДСМ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This