ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД: Три нови, помали земјотреси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По земјотресот со јачина од 4 степени почувствуван денеска во 11 часот и 39 минути, во охридскиот регион почувствувани се уште три помали потреси.

Еден од нив следен веднаш во 11 часот и 42 минути, а бил со јачина од 2,3 степени со епицентар на 2 километри источно од Охрид.

Вториот бил во 13 часот и 53 минути, со епицентар на 8 километри источно од Охрид и јачина од 2,4 степени, додека третиот е почувствуван во 14 часот и 31 минута.

Последниот земјотрес, според првичните информации бил со јачина од 2,8 степени, а пицентарот бил на 8 километри југо-западно од Ресен, на длабочина од 5 килоемтри.

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This