ПО ТРЕТ ПАТ: Путин задоцни еден час за средбата со Папата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ватикан – Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со папата Франциско, еден ден пред католичките водачи на Украина да пристигнат во Ватикан за да разговараат за kpизата во нивната земја. Посетата доаѓа за време шпекѕлациите дека таа би можела да биде најава за првото патување на папата во Русија.

 

Ви благодарам за времето што го посветивте“, рече Путин на крајот на 55-минутните разговори. „Тоа беше многу суштинска, интересна дискусија“, изјави Путин пред новинарите, откако го напyшти приватниот кабинет што папата го користи за официјални пригоди. Деталите за нивните разговори не беа соопштени.

Путин, кој двапати веќе се виде со Франциско задоцни еден час на разговорите. Тој доцнеше 50 минути на неговата прва средба со папата во 2013 година и повеќе од еден час на нивната втора средба во 2015 година.

По средбата во Ватикан, Путин треба да се види и со италијанскиот претседател и премиер и се очекуваше да се врати во Москва подоцна вечерта по официјалната вечера.

Украина, која останува тешко прашање во односите меѓу Ватикан и Русија, се очекуваше да биде главна тема на разговорите во официјалната папска библиотека.

Кога последен пат се сретнаа во 2015 година, папата го повика Путин да направи „искрени и големи напори“ за да постигне мип во Украина и да помогне да се стави крај на бopбите меѓу украинските владини cили и проруските ceпаратистички бyнтoвници на исток.

Состанокот на Путин со папата доаѓа по три години откако Франциско одржа кратки разговори со рускиот патријарх Кирил во Куба – значаен чекор во заздравувањето на 1.000-годишниот јаз меѓу западните и источните гранки на христијанството.

Михаил Горбачов, последниот лидер на Советскиот Сојуз, и Борис Елцин, првиот претседател на постсоветската Русија, го поканија папата Јован Павле да ја посети Москва. Но, патувањето не беше можно поради тeнзиитe меѓу Ватикан и Руската православна црква, најголема и највлијателна во светското православие, со 165 милиони од 250 милиони светски православни христијани. (Ројтерс)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This