ПО 54 ГОДИНИ OБИДУВAЊЕ: Индијка poди близначиња на 74 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ерамати Мангајама, жителка на индиската сојузна држава Андра-Прадеш, роди близначки на 74-годишна возраст, по вештачко оплодување, јави „Хиндустан тајмс“.

-Породувањето се одвиваше со царски рез. Операцијата мина без проблеми. И мајката, и новороденчињата се здрави и нема никакви компликации. Но, и покрај тоа, мајката е задржана на интензивна нега, заради смирување од преживениот стрес последниве неколку часа“, соопштија од болницата.

Возрасната мајка успеала да ги износи и да ги роди децата, зашто немала никакви медицински проблеми од типот на дијабетес и висок крвен притисок. Нема да може да ги дои девојчињата.

Мангајама и нејзиниот сопруг Раја Рао (80) се венчале 1962 година. Цели 57 години двојката се обидува да има дете. Сепак, жената забременила во јануари годинава. Инаку, таа е највозрасната жена во историјата која станала мајка.

Претходно овој рекорд го држеше, исто така Индијка – Омкари Панвар, која летото 2008 година, на 70-годишна возраст роди, исто така, близнаци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This