ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ЕМОТИВЕН ПЕРИОД ЗА ЕЛЕНА РИСТЕСКА:Какви спомени ѝ буди Божиќ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празниците се емотивен период за поп-пејачката Елена Ристеска. Секој поголем празник, особено Божиќ ѝ буди убави спомени на детството и на деновите кога нејзиното семејство било поголемо. Елена со радост, но и со тага се сеќава на својот покоен татко, кој почина пред повеќе од две години, по долго боледување. Незаборавни за неа се и дружењата со баба и ѝ со дедо и, моментите кога сите покрај празничната трпеза пееле македонски народни песни. Елена за Женски магазин откри дел од нејзините сеќавања.

Елена со сестра ѝ, мајка ѝ и покојниот татко на празнична трпеза

„Најубавите спомени од животот ми се од детството кога фамилијата ми беше целосна и сите ни беа на број. Цела фамилија се собираше на трпеза кај баба ми и покрај богатата софра, се пееше и се свиреше до раните утрински часови. Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив старите народни песни. Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас. Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа ужасно ми фали тој период од животот. Особено татко ми, откина дел од нашите души. Голема тага ми надоаѓа на секој празник, Бадник, Божиќ, Велигден, и среќата не ни е целосна, па утехата наша е Делфина внука ми, ни ја ублажува болката, целиот фокус ни е таа“, ни раскажа Елена.

Елена се сеќава и на нивните традиционални семејни излети во природа. Вели дека истата семејна среќа што ја памети од детството, би сакала да ја доживее кога и таа ќе основа свое семејство.

Во моментов, таа е посветена на промоција на својата козметичка линија „Карибиан боди“, и е актуелна со песната „Снаге за крај“, која ја напиша црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.

Милица Џаровска

Извор:женскимагазин.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This