Пратеник предизвика инцидент во косовското собрание бидејќи се служеле српски производи собраниското бифе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на Алијансата за иднината на Косово, Бека Бериша побара од претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца, да ги отстрани српските производи од собраниското бифе, објави „Косова прес“.
Бериша донел пијалок, произведен во Србија, на столчињата каде што седат Коњуфца и премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, барајќи производот повеќе да не се служи во бифето на Собранието во Приштина.
Тој додаде дека претставниците на владејачкото самоопределување, како партија, повеќепати го докажале својот отпор кон производите кои доаѓаат од Србија, пренесе „Косово онлајн“.
„Во собраниското бифе се служат пијалоци од Србија. Го замолив претседателот Коњуфца да не дозволи да се служи овој пијалок, бидејќи сум против српските производи“, рече Бериша.

Да потсетиме, министерката за индустрија, претприемништво и трговија во владата на приштинските приштински институции, Розета Хајдари, претходно најави можност за воведување мерки против кондиторските производи од централна Србија, поради заштита на локалните производители од увоз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This