ПРАТЕНИК САКАЛ ДА ИЗMAMИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ?: Договорената цена од 15 денари по килограм зелка нe важи за пратеници?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, на својот ФБ профил открива дека во текот на денешниот ден голем број на земјоделци го контактирале да го информираат дека од страна на некои откупувачи не се почитува договореното со министерот за земјоделие, а во врска со минималната откупна цена на зелката, која според договореното не би требало да падне под 15 денари од килограм

Знам дека повеќето трговци на земјоделски производи имаа разговор со министерството за земјоделие, на кој се договори дека реалната цена и цената под која не смее да падне зелката е 15 денари по килограм.

Денеска повеќе од стотина земјоделци ми се јавија и ми кажаа дека тоа што е договорено, не се почитува. – пишува меѓудругото Костадинов на социјалните мрежи.

Но и покрај информацијата дека договореното помеѓу земјоделците, министерот за земјоделство Трајан Димковски и откупувачите, не се почитува и латентните закани за наводна одговорност, Костадинов не посочи за кои откупувачи кои го прекршиле договорот станува збор.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се види разговор, воден на англиски јазик, а од кои пораки може да се забележи дека трговецот од Македонија на странски откупувач му нуди зелка по цена од 20 денари килограм франко, односно, 10 денари по килограм откупна цена. Со ова, откупувачот свесно ја срушил цената на зелката, нудејќи ја по багателно ефтини цени и покрај договореното.

Неофицијално, дознаваме дека компанијата која откупува од земјоделците во Струмица и струмичко, а преку пораки продава на странски откупувачи, е всушност компанија на пратеникот на СДСМ од Василево Сашо Атанасов „Вефафру Пакос“ ДООЕЛ.

Според Кривичниот законик, ваквото постапување на Атанасов, доколку се докаже е казниво со кривичниот законик на Р.Македонија по член 277 „Недозволена трговија“, со што се предвидува казна затвор до три години и парична казна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This