ПРАТЕНИЦИТЕ БАРААТ ОДГОВОРИ: Заев и Царовска да дојдат во Собрание и да ја образложат владината стратегија за мигрантите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска повторно јавно ги повикуваат и покануваат премиерот Зоран Заев и министрката за труд и социјална политика Мила Царовска дојдат и да присуствуваат во Собранието на Република Македонија во 12 часот на јавната расправа за владината стратегија и акционен план за мигрантите, бегалците и странците 2017-2027 година.

-Ова е втор повик и покана до премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска да дојдат да се појават и да дадат одговори пред пратениците за овој долгорочен и стратешки документи за следните 10 години кои ја засегаат цела Македонија и голем број на општини низ целата држава. Во јавноста има сериозни дилеми, прашања и незадоволство за стратегијата стратегијата и акциониот план за мигранти, бегалци и странци и токму затоа ги повикуваме Заев и Царовска да ја објаснат и образложат својата силна поддршка за оваа стратегија која што е важна за сите граѓани во Република Македонија, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Република Македонија, се додава во соопштението, со оваа стратегија на Владата од транзитна земја за мигрантите ќе стане земја за трајно сместување и траен престој на голем број на лица од голем број на држави.

-Премиерот Заев и министерката Царовска со своите изјави неколкупати дадоа силна поддршка за стратегијата и акциониот план за мигранти, бегалци и странци за следните 10 години. Се надеваме дека Премиерот Заев и министерката Царовска денес ќе дојдат на јавната расправа во 12 часот во Собранието на Република Македонија и лично ќе дадат одговори на повеќе прашања кои што ги поставуваат граѓаните и јавноста, се додава во соопштението.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This