ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО СОБРАНИЕТО: СДС очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието во новата година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието по новогодишните празници и заедно со парламентарното мнозинство да работи во интерес на граѓаните.

– Убедени сме и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти старите практики за деструкција и кочење на процесите и оти веднаш по Новата година ќе се врати во Собранието и заедно со парламентарното мнозинство ќе работат на сите позитивни законски процеси во интерес на граѓаните, рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на денешната прес-конференција на која информираше за сработеното во изминатите шест месеци откако се на власт.

Прашан дали по излегувањето на Алијансата на Албанците од владината коалиција СДС преговара со ДПА да го заземе нивното место, Кирацовски посочи дека се води разговор со сите политички субјекти.

– Имаме отворена врата за соработка со сите политички партии, дури и кон нашиот опонент. СДСМ во овој момент има стабилно парламентарно мнозинство, но во иднина ќе направиме се она што е во интерес на граѓаните да биде евидентно и да биде спроведено. Тоа мнозинство не е заради СДСМ, туку затоа што во земјава е развиена демократијата и мнозинството од пратениците ценат дека интересот на граѓаните и државата е пред се, рече Кирацовски.

Нагласи дека се демократска власт и оти оставаат слобода секој пратеник во Собранието да се однесува како што сака и според сопственото политичко убедување.

– Ние не ги шиканираме и не ги присилуваме пратениците да гласаат независно од која политичка проминенција и партија доаѓаат и ги оставаме тоа да го направат онака како што ценат и сметаат дека треба да се гласа

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This