Првата проба на пејачката во инвалидска количка која ќе ја претставува Русија на Евровизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако лани доби забрана за влез во Украина и не можеше да ја претставува Русија на Евровизија, Јулија Самоилова ќе запее на овогодишното издание на популарниот музички натпревар.

29-годишната пејачка ја одржа првата проба на евровизиската сцена во Лисабон, изведувајќи ја баладата „I Won’t Break“ качена на врвот на планина.

„Тоа е песна за секого. Што и да се случува надвор од твојот личен живот, ако одлучиш да не се скршиш, нема да се скршиш“ – вели таа.

Самојлова е во инвалидска количка уште од своето детство, бидејќи поради ′рбетна мускулна атрофија таа ја има изгубено способноста да се движи. Во 2013 година Јулија го освои второто место во шоуто „Фактор А“, руска верзија на „The X Factor“, а во 2014 година таа учествуваше во церемонијата на отворањето на Зимската Параолимпијада.


Минатата година на Јулија не ѝ беше дозволено да влезе во Украина поради нејзината посета на Крим во 2015, територија која беше припоена кон Русија. Организаторите ѝ понудија на руската пејачка да учествува во натпреварот преку сателит, но таа ја одби понудата.

Дали Јулија ќе ја однесе Русија во финалето ќе се знае на 10 мај, кога ќе се одржи втората полуфинална вечер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This