Првата фотографија од венчавката на Бopис Џонсон: Премиерот бушaB, а невестата со необичен стајлинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата избраничка Кери Симондс, ја објавија првата фотографија од нивната венчавка откако вчера се венчаа на тајна церемонија.

Двојката е прикажана во градината на Даунинг стрит 10 откако се венчале во Вестминстерската катедрала пред мала група блиски пријатели и семејството.

Невестата носела венчаница од бела тантела, а на главата имала венец од цвеќиња. Британскиот премиер иако бил облечен во костум, сепак, неговата фризура била во неговиот препознатлив стил – бушава.

Премиерот и неговата невеста ја планирале венчавката веќе шест месеци, наведува британски „Сан“.

Само неколку црквени службеници учествувале во подготовките, а 30-те гости биле информирани во последниот момент.

Џонсон и Симондс беа првата невенчана двојка која се всели на адресата Даунинг стрит 10, во резиденцијата на премиерот.

Двојката се сврши во 2019 година, но венчавката ја одложија поради пандемијата.

Тие го имаат едногодишниот синсе Вилфред Лори Николас. Симондс своевремено појасни дека бебето е крстено во чест на нивните дедовци и двајцата лекари кои го лекувале британскиот премиер од ковид-19, пред една година.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This