Прва средба на Заев со евроамбасадорот Гир: Со Бугарија имаме должност да ги подобруваме односите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Владата Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир одржаа заедничка прес-конференција во Владата на Република С. Македонија.

Имавме плоден состанок со новиот евроамбасадор, нашата намера е да ја активираме брзата трака на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, за нас е прифатлив нивиот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи деградација на демократскиот амбиент на нашата земја, но нашата обврска останува и ќе биде тоа да не се случи, рече Заев.

Тој истакна дека оптимизам внесуваат сигналите од нашите европски партнери, дека билатералните прашања не треба да бидат камен на сопнување во фазата на завршните преговори.

Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство, рече Заев.

Ова е прва средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, чиј мандат како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република С. Македонија е четири години.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир во понеделникот му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This