April 28, 2024, 10:55 am

ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Италијански „Вог“ со бела насловна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанското издание на магазинот „Вог“ излегува на 10 април, а неговата насловна е повеќе од симболична. Наместо некоја манекенка или актерка која инаку ги краси насловните страници на овој магазин, уредниците се определиле за бела, речиси целосно празна насловна.

Освен името на магазинот и месецот во кој е објавен, на насловната страница нема апсолутно ништо. – Во својата долга историја што се протега повеќе од 100 години, „Вог“ помина низ вojни, кpизи, тepоpиcтички нaпaди. Неговата благородна традиција е никогаш да не гледа на другата страна. Пред помалку од две недели требаше да го печатиме изданието што го планиравме извесно време. Но, сега да се зборува за што било друго, додека луѓето yмиpaaт, а лекарите и медицинските сестри ги pизикyвaaт своите животи и светот се менува засекогаш, не е во ДНК на „Вог Италија“. Одлуката првпат во нашата историја да испечатиме потполно бела насловна не е затоа што недостасуваа фотографии – токму спротивното. Ја избравме, бидејќи белата боја симболизира многу работи истовремено – порачала редакцијата предводена од главниот и одговорен уредник Емануеле Фарнети.

Оттаму, исто така, објасниле и што за нив значи белата боја.

– Белото е, пред сѐ, почитување. Белата боја е повторното раѓање, светлина по темнината, збирот на сите бои. Белото е бојата на униформата што ја носат оние што ги ставаат своите животи на првата линија за да ги спасат нашите. Тоа претставува простор и време за размислување, како и за молчење. Белото е за оние што ова празно време и простор го исполнуваат со идеи, размислувања, приказни, стихови, музика и грижа за другите. Белата боја нѐ потсетува на времињата по кpизaтa во 1929 година, кога оваа беспрекорна боја преовладуваше на облеката како израз на чистота во сегашноста и надежта во иднината. И пред сè, белата боја не е предавање, туку празен лист што чека да биде испишан, насловна страница на нова приказна што штотуку треба да почне – додале од „Вог“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This