ПРЕДИЗБОРНИ ВРАБОТУВАЊА ВО ТЕТОВО: Преку 70 лица се вработуваат во тетовскиот комуналец пред избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното комунално претпријатие Тетово ќе го зголеми бројот на вработени за речиси 30 %. На 17 минатиот месец распишан е оглас за вработување на 67 лица. Огласот беше отворен до 2 месецов. Се бараа разни профили чувари, метлачи, контролори. Колку се пријавиле, а колку се примени од ЈКП Тетово не добивме одговор, јавува Телма.

Првиот човек на Општина Тетово немаше прецизни информации околу новите вработувања кои според неа ќе ја подобрат работата на претпријатие и ќе го реши статусот на вработените, кои подолг период биле вработени на определено време и со договор на дело.

Претпријатието изминативе години се соочува со финансиски потешкотии. Во одредени периоди доцнеа плати на вработените општината финансиски го помагаше, а со механизација се снабдуваше исклучуво од донации.

Најсимптоматично е тоа што огласот за вработување е објавен неколку месеци пред избори, пракса која секогош остава простор за сомнеж, велат експертите.

Граѓаните не веруваат дека новите вработувања ќе ја подобрат работата на комуналното претпријатие со оглед на состојбата на терен изминативе десет години ,каде градот е прекриен со смет нема доволно вода и зелени површини.

Заклучно 31 декември 2018 година во ЈКП Тетово биле вработени 202 лица. Со новиот оглас ќе има околу 270 лица на платен список, што го право едно од претпријатијата со најголем број вработено споредбено со комунални служби во другите општини со приближно број на жители и површина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This