ПРЕДИЗБОРНО СЕ ПОЛНИ И ЕЛЕМ: Распишан оглас за вработување на нови 30 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица, изјави на денешната прес конференција Стевче Антовски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Огласите, како изјави г. Антовски, се објавени на 8 дена пред техничка влада, а преку нив се бараат советници во кабинет, книговодители, раководители.

Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи, вели г. Антовски

Ова е втор оглас во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. Пред само 10 – тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица. Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар. Буџетите на ЕЛЕМ и МЕПСО, наместо за изградба на нови капацитети и реконструкција на истите се користат за потkyп на гласачи.

Честите испади во електроенергетскиот систем што беа во Скопје и Битола, а пред 4 дена и половина Македонија остана без снабдување со електрична енергија, се доволен доказ дека СДСМ троши само за партиски вработувања, наместо за правилен развој и одржување на енергетските капацитети во земјата. Тоа е спротивно од она што го ветуваа пред да дојдат на власт.

Единствено не се знае до кога АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе можат да ја издржат оваа енергетска „авантура“ на власта во заминување!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This