Пред некој ден купиja caнитарија, следниот беше во дворот иcкpшeна: Coседите cвeдочат дека yбиeниот полицaeц ја малтpeтиpaл девојката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и тригодишната велешанка која вчера со нож во срце го усмрти невенчаниот сопруг во Велес е приведена под сомнение за убиство.

Како што соопшти МВР, утрово во 05:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес, поради сомнение дека околу 02:20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал.

Ништо сомнително не слушнавме, не се случуваше ниту гужва, ниту повици за помош. Тој беше полицаец, живееа заедно 4-5 години, но не беа во брак. Таа работеше во ‘Дрекселмаер‘. Тој живеел во месноста Шорка и ова му била трета жена. Ја малтретираше. Пред некој ден купија санитарија за купатило, по три дена истата беше фрлена во двор и искршена. И децата од маало му пречеа, велат соседите за „Сакам да кажам“.

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта, изврши увид во куќата во Велес каде е извршено убиството.

Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето. По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело, велат од ОЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This